КНИГА

За книгата
Сите ние сме насочени кон многу патишта во животот , лутаме како би достигнале
некои лични остварувања, а можеби и „нечии„ очекувања, со цел да завршиме
образование, да се вработиме, да на најдеме животен сопатник, љубов, да се
реализираме како родители, и така години и години поминуваме по потрага за среќа,
бидејќи верувам дека Среќата е една од нашите клучеви за движење напред. Покрај
желбата за сите тие достигнувања забораваме да се освртиме кон единствениот и
вистински пат во нашиот живот, кон Себе, кон патот до Изворот. Кога ќе тргнеме по тој
пат се што ќе посакаме можеме да исполниме, и се што ни е потребно за среќен,
удобен и здрав живот ќе биде присутно во нашите животи. Можеме да се заљубиме,
да вратиме или да привлечеме одредена личност, можеме да заработиме и да се
збогатиме, да најдеме работа која не прави среќни и пријатели кои не ценат и сакаат,
исто така можете да го промените вашето тело, видливо да се разубавиме.
Треба да знаеме дека Среќата доаѓа од способноста да сакаме, да ја развиеме онаа
чиста љубов во нашите срца. Тоа е патот кон најдоброто во себе.
Бидејќи живееме во свет кој е доста егоцентирчен, и неможејќи да се помирам со тоа
започнав од себе си, да се менувам себе си, својот однос и према себе и према
другите.
Во овие современите денови, ние треба да бидеме еден покрај друг, ние мора да
живееме заедно. Тоа е основа на среќата, да бидеме силни и здрави, да ги
унапредиме и подобриме нашите мисли, да бидеме морални и добронамерни, за
нашите животи да станат удобни.
Основната тема на оваа книга е значењето за „Реики„ но нејзината содржина е Пат до
Изворот. Книгата е озбилен стручен прирачник која не запознава со една
традиционална метода за унапредување на здравјето, која е позната на човештвото и
се заснова на вештини за канализирање на Универзална Животна енергија чија цел е
значајно зголемување на капацитетот на виталната енергија, јакнење на одбранбените
способности на организмот, а исто така има за цел подобрување на животот.
Почнува со дефиницијата за Реики па се до детално опишување за одредени техники
кои го поттикнуваат духовниот развој кај читателот.
Оваа книга е всушност вовед и работна книга за учење и примена за подобрување на
квалитетот на животот и потикнување за свој личен духовен раст и развој. Тоа се
најпрактичните и најкорисните идеи и техники што ги научив за сето ово време додека
го истражувам Реики. Користев многу извори кои се од големо значење и мислам дека
исто така и корисни.
Преку одредени нагласувања, теми и вежби го усмерувам читателот кон внимателно
лично преиспитување на согледување: како да ги примени знаењата за кои се упатени
во самата книга.
Секое човечко битие , како клетка на еден организам , треба да биде усмерено на
личен духовен развој. А работата на себе, за секој од нас има иста цел – да создадеме
енергија на Љубов, енергија која одржува здравје и живот на целиот универзум како
еден организам , а со тоа и на секој посебно.

Дел од поважните нагласувања кои се опфатени во книгата се:
 Вовед во Реики методата
 Кратка историја за Реики
 Ефекти од Реики методата
 Реики иницијација
 Реики принципи
 Универзални закони
 Реики Прв степен
 Реики Втор степен
 Реики Трет степен
 Активација на Реики
 Автотретман
 Реики третман за други
 Психологија на телото
 Причини за физичка болка
 Квантен успех како битен елемент во духовниот
 Чакри и енергетски канал
 Енергетски систем на човекот
 Енергетски вежби
 Реики мудри
 Реики симболи
 Примена на симболите
 Прашања и одговори од клиенти