Во поголемиот број на развиени земји Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина. Својствата на Реики методата низ година се применуваат во многу клиники, институции и лабаратории низ светот.
Интеграција на Раики и методите на современата медицина претставува за човекот можност да оздрави на сите нивоа. Болеста како појава треба да се лекува како на физичко, така и на тенкикте нивоа на човековото битие.
Причината за многу заболувања се крие и на ментално и на емоционално ниво, затоа што се прозивод на силни деструктивни мисли и емоции, кои во облик на енергија одредени вибрации полека се собираат,зголемуваат и на крај се поврзуваат во една цврсто поврзана група – енергетска структура од негативен карактер. Таквата енергетска структура со тек на време се спушта и во човечкиот енергетски канал, го блокира истиот и продолжува своето штетно да го шири и во системот на чакрите (енергетските центри) и подоцна се манифестира на физички план во облик на симптоми на некое заболување.
Како што докторот може да даде дијагноза на болеста, така и искусни Реики терапевт со набљудување на врските на анатомија, физиологија и енергетската структура на човековото суштество, може да каже, што на тенко ниво послужило како причина за нарушување на здравјето.
Дијагностиката и методите на современата медицина се незаменливи во исцелување на болеста на физичко ниво. Реики методот овозможува унапредување на здравјето на сите нивоа, со акцент на менталото и емоционалното ниво на човекот. На тој начин на заболувањето му се приоѓа од сите страни, поточно на сите нивоа, што секако го забрзува процесот на исцелување.
Важно за секого, кој има симптоми на било кое заболување, прво да се обрати на доктор, а после тоа, како помошно средство, да се употреби Реики метода, со цел забрзување на процесот на оздравување.