Суштината на Реики методот лежи, пред се, во синхронизација на човекот со вибрациите на животната енергија, како и отварање на енергетскиот (Реики) канал на личноста и негово поврзување со животната енергија со цел слободен протек на истата преку сите нивоа на организмот.
Процесот на отварање и прилагодување ( поведување, традиционален назив) го остварува Мастер – Учител, со помош на специјални техники на канализирање на Животна енергија. Ако сите други знаења практичарот може да ги стекне самостојно преку едукација и пракса, отварањето и прилагодувањето не е возможно да се изврши самостојно. Реики се пренесува линиски од учителот на ученико, поради што и оваа метода е едноставна.
Реики и овозможува на личноста во рок од 10 секунди до 5 минути ( во зависност од нивото на Реики практичарот) да активира проток на Животна енергија низ својот организам.
Енергијата во телото доаѓа пред се низ темето и се спушта низ ‘рбетниот столб, низ т.н енергетски канал, кој се состои од 7 меѓусебно поврзани енергетски центри, познати како чакри.
Течејќи низ ‘рбетниот столб, енегијата се шири во организмот, ја пополнува секоја ќелија и се појавува низ малите чакри на дланките и стапалата со доминација во областа на дланките. Со ставање на раката на телото, енергијата дополнително се фокусира и се насочува во одредена област.
Реики практичарот може да ја насочува енергијата и према своето тело, и во било кој друг правец надвор од телото: на друга личност, предмет, животно, билка, ситуација или област на животот.
Една од причините за пореметување на работата на организмот е недостаток на витална енергија. Со практикување на Реики методата се надохнадува недостатокот на енергија на организмот, со што се зголемува неговата одбранбена способност и се подобрува работата на сите функции. Исто така, Реики ги опушта мускуллите, одлободува од грчеви, учествува во балансирање на сите системи.
Научните истражувања покажале дека една личност во просек од просторот прима околу 5% енергија. Со практикување на Реики методата се овозможува доток на 90-100% животна енергија.
Животната енергија влијае на човековиот организам непосредно низ енергетски канал и био поле на личноста, исто така низ ендокриниот систем.
Кога био полето на личноста е полно со животна енергија, тоа постанува добро организирано. Енергијата создава добро организиран систем ДНК и РНК, кој со влијанието на Реики ствара подлога за добро функционирање на ензимите и синтеза на протеини а исто така и за поделба на ќелиите. Кога ќелијата добро функционира, тогаш жлездите, органите и ткивата работат добро и тоа го одржува организмот во добра состојба.
Процес на интензивна енергетизација на организмот представува процес на подмладување и зајакнување. Во склад со II закон на термодинамика, таквиот процес е спротивен на процесот ентропија. Реики доведува Животна енергија во телото на човекот, што непосредно енергизира и ги организира сите физиолошки процеси и системи на организмот. Реики се движи во спротевен процес од процесот на стареење и слабеење на организмот, и исто така го намалува процесот на ентропија ( големува ектропија, мерка на уреденост на системите), со што го забрзува оздравувањето на емоционално, ментално и физичко ниво.
Треба да се нагласи дека Животната енергија протекува, не само низ физичкото телото, туку и преку сите суптилни нивоа на човеко, што овозможува хармониација на истиот и остварува позитивно влијание на психосоматските причини за заболување.
Практикување на Реики кај личноста овозможува духовни раст, развива особини како што се: сочуствување, толеранција, здрава љубов кон себе, љубов кон блиските, сите живи суштества, околината, Земјата, планетата.