Реики

Методи и услови за спроведување семинари

Сите семинари ги води сертифициран Реики учител, Анета Николовска Митовска.
Сите поставки, без разлика за кој енергетски систем се работи, се исклучиво за ЛИЧНА употреба, како и за работа со клиенти во однос на изведување третмани.
„Реики е висока наука за Енергија„ као што рекла Хаваји Таката, тоа е суштината на енергијата и работејќи со неа ние треба да бидеме особено будни и свесни. Доколку
вложуваме во своето здравје и својот напредок, неопходно е да ги почитуваме Законот на Размена и Рамнотежа.

Котизација за Реики курсот се одредува врз основа на економската ситуација во земјата.

Интеракција со Реики терапевт или учител, подразбира почитување на Законот за размена на енергија, преку плаќање за третман, или обука. Мислењето дека таквите
работи не треба да бидат надохнадени е спротивно од суштината на Законот за размена, кој е, како што веќе кажавме, насекаде присутен.

Оние кои добиваат Реики поведување имаат за цел живот можност со љубов да си
помогнат себе си и на другите, позитивно да влијаат на текот на своето постоење, дури и на текот на постоењето на целата планета Земја. Зарем тоа е малку?
Енергијата е секогаш подарок, но времето на терапевтот или учителот, како и неговите вложувања во сопствената обука, ментални и материјални напори, стекнување на искуството, треба да бидат надохнадени. 

Времето кое терапевтот или учителот го посветува на другите можел да го искористи во правец на личен развој и подобрување на квалитетот на својот и животот на своите најблиски, затоа плаќаме само за времето, никако за енергијата, или енергетскиот труд. Во тој случај и самите пациенти или ученици се чувствуваат слободни да побараат нов третман, нов курс, консултација и слично.

ВАЖНО!

- Ако имате или се сомневате дека имате медицински или психолошки проблем, ве молиме контактирајте го вашиот соодветен здравствен работник. Вие сте единствено одговорни за какви било активности преземени врз основа на информациите на оваа веб-локација. Никогаш не го занемарувајте професионалниот медицински совет или не одложувајте да го барате поради нешто што сте го прочитале на оваа веб-локација.

- Целиот сајт е заштитен во секоја смисла и на сите нивоа, пред се од почит кон нашите наставници и студенти.

- Секоја ваша финансиска инвестиција, секоја размена на енергија што ја правите на нашата веб- страница, за курсеви, работилници , литература., е ваша доброволна донација.

Unleash your infinite potential

Download this free audio training and get the clarity and confidence to build your dreams, on your terms.