Обука
Онлајн Работилница Повторно Раѓање - Преродба
Времетрање: 14 дена
Почеток: 16.09.2024
За секое човечко битие Пренаталниот период е еден од значајните природи на развојот. Означен е со многу таинствени процеси кои влијаат на психофизичкото здравје, на животот и судбината, а самата особа тешко може да влијае нахнадно.лдфгслкјгфдлскгфдскфдкгс
Често се прашуваме:
- дскфгхслкдгфкдс
- дфскгхфксдјгкфјдс
- Зошто не ми е дадено да можам да сакам и да бидам сакана?
- Зошто немам некој талент или не можам да го откријам во себе?
- Зошто све секогаш мора да биде толку тешко на мојот животен план?
- Зошто не знам да се сакам себеси ?
Многуте вакви моменти со зборот „Зошто„ се јавуваат кај секој од нас, од време на време, во текот на растот и развојот. Одговорите често можат да се кријат во самиот период на Пренаталниот развој, во текот кој нас секогаш ни е (даден) , но од некоја причина тоа нешто ние не сме успеале да го примиме.
Техниката Повторно раѓање замислена е така што во текот на енергетското работење овозможува репрограмирање, поточно – инсталирање на сите неопходни позитивни програми. Овие програми се планирани и осмислени од страна на Створителот, во текот на сите 10 месеци од периодот на Пренаталниот Развој. Пренаталниот период во стварност трае 10 месеци и се однесува на 10 лунарни месеци, кои се пократки од календарски, и токму тие го поврзуваат човековото битие со секој планетарен сончев систем. Импулсите на планетите кои нас ни се дадени во текот на периодот на Пренаталниот развој претставуваат програми неопходни за исполнет живот на Земјата.
Техниката „Повторно Раѓање „припаѓа на групата на енергетски техники (од ново време ), осмислена е од страна на руски стручнјаци од областа Реики. Целта на техниката е , секој што ќе изрази желба , да овозможи транформирачко енергетско влијание на периодот за Пренатален развој и на самиот процес на Раѓање.
„Преродба“ е метод на најновите светлосни технологии, составен од неколку технички елементи во форма на различни техники на високо-вибрациони енергии.
Методот овозможува длабоко прочистување на клеточната меморија, како и етеричниот и физичкиот простор, со кој суштеството е опкружено за време на пренаталниот развој, а потоа исполнување со енергијата на Божественото повторно раѓање и благословите.
Техника која е уникатна, исклучително ефикасна и Благодетна.
ПЛАН ЗА РАБОТИЛНИЦАТА
- ден – Запознавање со методата Повторно раѓање, се за Безусловна љубов, и медитација – инцицирање во енергијата Безусловна љубов, како подршка во процесот на пренаталниот развој
- ден – За Подршката на Боженствената сила, и Медитација/ Поврзување со Божествената сила, за подршка во процесот на пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ПРВИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ВТОРИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ТРЕТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ЧЕТВРТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ПЕТТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ШЕСТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во СЕДМИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ОСМИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ДЕВЕТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање во ДЕСЕТИОТ Лунарен месец од пренаталниот развој
- Медитација/репрограмирање на Процесот РАЃАЊЕ
- Насоки и практична работа при добивање РОДИТЕЛСКИ БЛАГОСЛОВ
ПРОЦЕС НА ОДВИВАЊЕ
- Работилницата ќе се одвива онлајн преку Zoom платформата.
- Секојдневна средба, 14 денови
- За времето, предвидено е да се одржува во вечерните часови пред вашиот ноќен сон, околу 21:00 часот
- Времетрањето на една средба предвидено е максимум 1 час
- Вибер група за дополнителна подршка
- Средба во живо ( по договор на сите учесници)
ПРИДОБИВКИ ОД РАБОТИЛНИЦАТА
- Чистење со помош на Божествената моќ на прочистување
- Повторно раѓање на клетките, целото битие и живот на човекот со помош на Божествената сила на повторното раѓање
- Исполнување со Божествени благослови на сите нивоа за среќен живот во долговечност, здравје, љубов, светлина, во духовно и материјално изобилство и просперитет
- Ослободување од сите негативни, штетни содржини (а пред се од енергиите на траумата при раѓање, најголемата можна болна траума за човечко суштество), и од самиот процесот на раѓање
- Репрограмирање на процесот на раѓање со помош на Божествената преродба и благослови.
ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА РАБОТИЛНИЦАТА СЕ ДОБИВА:
- Техника Безусловна Љубов, во која ќе бидете иницирани, и која ќе можете да ја изведувате во текот на животот;
- Техника со Возвишената сила (Мајка Марија), за изведување и подршка во повеќе области во вашиот живот,( за себе, за вашите деца, за родители, за плодност,развивање милост и сочуство и сл.);
- Техниката за повторно раѓање на вашите деца;
- Техника за добивање благослов од Родители;
- Техника за давање Благослов на вашите деца;
Сите настани што се случуваат во животот на жената за време на бременоста се чуваат како отпечаток во клетките на детето, и влијае на однесувањето, здравјето и реакциите во текот на идниот живот.
Клетките чуваат информации за односот мајка-татко за време на бременоста, какви било потиснати чувства, траума, негативност на мајката, претходно доживеани и складирани во нејзиниот етеричен простор.
Тука се засноваат верувањата, предрасудите, програмите на мајката и таткото.
Ова се најдлабоките моменти кои можат да се сфатат како особини на личноста, но тие се само реакции на однесување во текот на животот на една личност.
Тоа често е болка, што човекот ја носи длабоко во себе. Тоа го спречува да го достигне својот потенцијал. Болката го контролира човекот, предизвикувајќи одредени реакции кај него. Ова ги вклучува односите со родителите, врсниците, реакциите на надворешното опкружување.
Кога човек работи на себе, тој се ослободува само на одредено ниво, додека главната причина е основниот запис во примарните клетки што се манифестира повторно и повторно.
Тоа има врска со здравјето, силните ставови и верувања.
Неоснована агресија и неконтролирани реакции, неподготвеност за живот се стекнуваат во процесот на развој внатре во матката, кога мајката не го сакала детето, или не го прифаќала таткото. Секоја деструктивна мисла на мајката станува програма на ставовите и рефлексите на детето.
Методологијата на пренатално исцелување, прочистување и регенерација на клетките и сите нивоа на човечкото битие, ни овозможува да се ослободиме од овие записи, создавајќи простор за нов совршен живот.
Можно е да ја исчистите сопствената клеточна структура и клеточната структура на децата. Тоа е многу ефикасен начин за работа со деца.
Чистењето води до животна трансформација на многу нивоа, ослободувајќи го потенцијалот на можностите и го прави човекот приемчив, позитивен, среќен, слободен и многу повеќе што овозможува долг живот, среќен и исполнет живот.
РАБОТИЛНИЦАТА ЈА ОДРЖУВА
Анета Николовска Митовска – Реики учител
УЧЕСТВО И КОТИЗАЦИЈА ЗА РАБОТИЛНИЦАТА
- Котизацијата за учество 99 евра, со можност за плаќање на 2 рати. ( 10% од цената ќе бидат наменети за хуманиратни цели, по договор )
- Плаќањето на првата рата може да се изврши најдоцна до почетокот на работилницата
- Пријава за учество важи најдоцна 3 дена пред работилницата
- Ден пред обуката ќе се формира ВИБЕР група, за насоки и припрема пред самата работилница.
- Секој може да учествува на работилницата, нема потреба од никакво дополнително знаење и предзнаење за било што.
- За ваше учество потребно е да се пријавите со вашата е-маил адреса, преку овој линк.
- После вашата потврда подетално ќе бидете известени околу семинарот и начинот на уплата.
Добредојдовте
СО ЉУБОВ И ГРИЖА