ШТО Е РЕИКИ ?
Драги пријатели,
Ве покануваме обединети да блеснеме во почетоците на Новата 2025 Година со едно инспиративно бесплатно предавање на тема „Што е Реики?“ . Овој настан е совршена прилика да се запознаете со основите на Реики и како оваа древна техника за енергетско исцелување може да ви помогне во подобрување на здравјето, благосостојбата и животната енергија.
Промоции и подарок за сите присутни:
- Промотивна цена, на новата Реики книга, (прирачник) “Патот до изворот” , која ќе ви помогне да се запознаете подлабоко со оваа техника.
- 30% попуст на дневниците ”Практичен водич кон лична слобода„ и “Практичен водич кон финансиска слобода„
- Членска карта, за здружението Реики со 10% попуст на Реики обуки во 2025 година!
- Подарок за сите присутни “ Реики техника”
Предавач, Реики Мастер учител Анета Николовска Митовска
Датум: 08.02.2025
Време: 11:00 – 12:30 часот
Локација: Хотел Лимак, Скопје, Ул. Јордан Мијалков бр.30
Не пропуштајте ја оваа можност да се запознаете со Реики и да започнете патување на духовен и личен раст и ваше исцелување.
Резервирајте си место веднаш и започнете да ја откривате моќта на Универзалната Животна енергија – Реики!
Важни информации за пријавување на настанот:
Бројот на присутни е ограничен. За да биде вашето пријавување добронамерно и љубезно, ве молиме да се пријавите доколку бидете сигурни дека ќе можете да дојдете.
Во случај на откажување или непланирано отсуство, ве молиме навремено да го известите организаторот преку испраќање на е-маил reiki.makedonija@yahoo.com
На овој начин, ќе ни помогнете да го ослободиме местото за другите заинтересирани учесници.
Ви благодариме на соработката и разбирањето!
Се радуваме на вашето присуство!
Добредојдовте.
Со Љубов и грижа за Вас .
Здружение Реики Македонија