Распоред

РАСПОРЕД НА РЕИКИ ОБУКИ ЗА МЕСЕЦ МАРТ
Драги пријатели,
Да ја РАЗБУДИМЕ енергијата на чиста животна благосостојба во секој од нас.
Да ЗАПОЧНЕМЕ да се усогласуваме ПРВО со себе, така што се ќе работи за нас. Преку таа Животна Енергија, јасно ќе можете да го погледнете вашиот следен правилен чекор!Важно е да почнете да го слушате своето срце, наместо да се водите само од логиката.
Да се ПРИФАТИТЕ себеси, значи да ги прифатите сите аспекти на вашата личност. Тоа е клучот за развивање автентичен однос со себе.
Да се ПОСВЕТИТЕ на вашата емоционална равнотежа, значи да го усогласите разбирањето и управувањето со емоциите кое ќе ве направи посилни и постабилни.
Постанете буден сонувач, кој ќе ја разбуди свеста за постоењето, „Јас сум! “Само „Јас сум“ може да дејствува креативно. Само Љубовта може да создава! Она што вашиот ум е способен да го замисли и верува, вие можете да бидете. Затоа ДЕНЕС, биди креатор на она што го замислуваш како „Јас сум“ и биди „Јас сум љубов” . Бидејќи тоа е вечен Принцип, безличен Закон, кој важи за сите, без исклучок.
Ви го претставуваме распоредот на Реики обуки кои ќе се одржат во месец Март 2025 година, во Здружението Реики Македонија.
Секоја од наведените обуки е поврзана со линк за подетален опис на обуката и пријава.
08.03 – I степен Усуи Реики – 10:00 часот
11.03 – Кундалини I степен – 17:00 часот
14.03. Луна Реики I степен – 17:00 часот
19.03 – Сребрен лекар ( Фрекфенција од 1111) – 20:00 часот – ОНЛАЈН
20.03 – Краниосакрална терапија – 20:00 часот- ОНЛАЈН
23.03. Работилница „Повторно раѓање – преродба„ – ОНЛАЈН
25-26.03 – Работилница „Прочистување родова карма„- ОНЛАЈН
29/30- o3 – II степен Усуи Реики- 10:00 часот