Кундалини Реики

За Кундалини Реики

Кундалини Реики е стил на новото време кој ја исканализирал и систематизирал Оле Габриелсен од Данска, еден од најпознатите учители за медитација во светот.

Кундалини Реики е едноставен, апсолутно безопасен и нежен начин за „будење„ на Кундалини – индивидуална енергија во човековото битие.

Кундалини е енергија која оживува, внесува животна снага и го буди нашето тело и свет, таа е основна психобиолошка сила. Кундалини секогаш е присутна, таа ја напаѓа целата енергетска структура во човековото битие и ја тера животната снага непрестанато да циркулира.

Зборот Кундалини потекнува од зборот „Кундала“ која во буквална смисла значи „прстен“. Кундалини е духовна енергија, која „спие“ во човековото битие во областа на тртната коска. За неа зборуваат како за снага, која по својата природа е спирална и свиткана во облик на прстен , и се наоѓа во таква состојба се додека не ја разбудиме.

Кундалини Реики на секој овозможува безбедно будење и индивидуален раст на енергијата Кундалини. Самиот процес при растот на Кундалини и ефектите кој тој процес ги потикнува во многу случаи зависи од индивидуалните можности на човековото битие во моментот на пристапот на практикување на Кундалини Реики ( во моментот на иницијација ). Исто така , зависи и од чистотата на енергетскиот канал и стимулативните енергетски структури. Секој од нас почнува од своите лични „отскочни даски“, точно од одредено енергетско ниво и ниво на свеста во кое се наоѓа, и може да се развива и да напредува неограничено, доколку работа на себе со помош на Кундалини Реики системот.

Иницијација

Во Кундалини Реики системот иницијацијата е најзначајниот процес. Секој степен подразбира нова иницијација која има одреден програм и цел за безбедно „будење“ на Кундалини. Иако брзо (често и одма) после иницијацијата осеќаме снажни позитивни промени (енергијата се „буди“) сепак самосталната работа сам на себе , со примена одредени медитативни и Кундалини Реики техника, основа за раст на Кундалини е постепен, ефективен и едноставен ритам на секоја особа. Иницијацијата помага за „будење“ на Кундалини, а нејзин непрекинат и урамнотежени раст овозможува редовна примена на Кундалини Реики системот.

Unleash your infinite potential

Download this free audio training and get the clarity and confidence to build your dreams, on your terms.