Светлосен козметолог

Ефикасен енергетски лек против стареење со брзо дејство !

Светлосната козметологија е едноставна, исцелувачка и ефективна метода на енергетските светлосни технологии на современото време, наменета за ефективна регенерација, видливо подмладување на клеточно ниво, на ниво на ДНК и на надворешно ниво. 

Методот на светлосна козметологија е подеднакво ефикасен и во работата на себе и во работата со други луѓе.

План на семинарот :
  • ПРВ ДЕН 

– Се за методот. 

– Значење и на Кристалите на светлина – формули за движење на енергијата.

– Развивање на вештината за работа со светлосни енергии. – За работата на себе. 

– Надворешно и длабоко подмладување за себе и за другите луѓе (клиенти). Светлосниот козметолог како помошен метод на исцелување;

Иницирање во енергијата Светлосна козметологија;

  • ВТОР ДЕН

– За третманот Светлосна козметологија за себе: 

– За третманот на други луѓе (клиенти); 

– Работа на далечина; 

Иницирање во енергијата Светлосребрено подмладување (козметологија);

-За третманот Светлоснасребрено подмладување (козметологија):

– Изработка на дополнителни средства. Енергетска работа со креми и вода; 

– Доделување на сертификати.

За методот на Светлосна козметологија 

Дојде време кога сè повеќе ја чувствуваме релевантноста на новите одговорности и професии на Ново Време; професии кои носат апсолутно нова содржина и нов правец во нашите постапки и погледи на одредени процеси и настани. 

Светлосната козметологија е систематизирана во 2007 година од тим германски и руски специјалисти за духовно-енергетски методи, предводени од Реики учители и врвен медиум со долгогодишно искуство – Сабина Сангитар Вениг. 

Светлосната козметологија не е само ефикасен, неинвазивен начин на подмладување и општо заздравување. Тоа е и професија на Ново Време која може да ја совлада секој, без исклучок. Потребно е само: волја, желба и редовна практична работа – на почетокот, пред се, на себе. 

Светлосната козметологија е уникатен начин на исцелување, при што „козметологот“ не ја презема староста и болестите на клиентот, туку заедно со него се лечи и подмладува, бидејќи неизбежно доаѓа до духовниот раст, прочистување и подигање на нивото на свеста, а со тоа се случуваат трансформации. 

По третманот, или автотретманот човекот чувствува мир, задоволство, чувствува Божествено Блаженство во себе и често има чувство дека е исполнет со Љубов, како да е прегрнат, како мало дете кога ја чувствува својата мајка. Човекот станува поубав, поздрав и подобар во секоја смисла.

Светлосната козметологија се смета за единствен безбеден начин за борба против стареењето бидејќи во овој случај лековитото дејство се врши врз причината, а не врз последицата. 

Времето почнува полека да се движи со чувство „кон назад“. Светлосните кристали (симболи) со висока фреквенција подмладуваат и од внатре и од надвор. Кожата станува мазна и кадифена, сврзните ткива се зајакнуваат и регенерираат, органите се исцелуваат и подмладуваат. 

По секој третман, личноста не само што станува помлада и поубава, туку, чекор по чекор, го подобрува здравјето и духовниот раст. Под влијание на светлосните кристали, се случува постепен, но сигурен процес при кој генетскиот систем се прекодира на нов начин, а вирусот на стареење се подложува на заздравување. Како резултат на сето ова, процесот на стареење се забавува и запира, а подоцна се движи во спротивна насока, т.е. се вклучува процесот на подмладување.

Дополнителни ефекти:
  • Ефикасно решавање на сите проблеми со кожата на лицето и телото; 
  • Отстранување на митесери, мозолчиња, акни, траги од сипаници, пигментни дамки; 
  • Дополнително затегнување и обликување на кожата на лицето и телото; 
  • Длабока хидратација; 
  • Распаѓање на содржината на масните клетки; 
  • Отстранување на целулитот, третман на клеточно ниво; 
  • Ја враќа еластичноста и младешкиот изглед на кожата; 
  • Ги оптимизира контурите на лицето; 
  • Помага во ублажување на депресијата; 
  • Има лековито дејство врз хормоналниот систем; 
  • И уште многу повеќе…

Времетраење на семинарот: 2 дена

Се добива: сертификат, прирачник и плакат со Светлосните „кристали„ потребни за изведување на третманот.

Семинарот го одржува сертифициран Реики Мастер – учител – Анета Николовска Митовска.

Енергетска размена на светско ниво изнесува 30.000 денари . Во Здружението Реики Македонија регуларна енергетска размена (котизација) за учество на семианрот за Светлосен козметолог, изнесува 12.000 денари. Семинарот сега се одржува по специјални услови, и симболична размена , во износ од 9.000 денари.

Групите се мали и ограничени, за ваше учество потребно е да се пријавите со вашата е-маил адреса, минимум 3 дена пред обуката .

Доколку имате било какви потешкотии во пријавувањето, Ве молам контактирајте не на нашиот е-маил reiki.makedonija@yahoo.com или на тел.бр 077/948475 

 

Желбата да бидеме убави од внатре и од надвор, е голема позната причина. Таа причина е несвесен импулс која доаѓа од внатрешната светлина и ја активира потребата да личиме на нашето Боженствено Јас, да ја прикажеме Светлината и Боженствената причина преку физичката (човечката) материја која го инспирира секој што гледа во неа. Затоа денес свесно разбудете го Боженсвеното Блаженство во Вас, постанете Светлосен работник, козметолог за себе , и за другите!

Котизација за учество на семинарот сега изнесува 9000 денари.

Регистрирај се за обука

Пополни ја формата и ние ќе ве конктактираме во најбрз временски период за да се договориме за датум и начин на плаќање

Unleash your infinite potential

Download this free audio training and get the clarity and confidence to build your dreams, on your terms.