Што е Реики?
„Главната цел на Реики не е само исцелување болести, тоа е развивање на
веќе постоечките таленти, рамнотежа на духот,здраво тело!„
Основни карактеристики на Реики методата се:
Природност
Делотворност:
Практично потвдени ефекти;
Едноставност;.
Реики е една од најстарите методи за самопомош и помош на други, секој човек може
да оди кај реики терапефт но уште поинтересно е тоа што може да се се обучи и да
биде сам свој терапефт и да си даде сам на себе терапија каква и кога му е потребна и
поради таа причина таа е една од по популарните методи во светот за самопомош
затоа што е многу едноставна да се научи и едноставана за примена.
Реики е начин на користење на животна енергија, таа животна енергија е исцелувачка
сила која ние во Реики ја применуваме и таа го менува нашето психофизичко здравје и
нашиот квалитет на живот.
Реики е љубов,а за љубовта нема граници. Љубовта ги надминува сите животни
ситуации и околности и ги инспирира сите нивоа на постоење. Недостатокот или
искривената форма на љубов се манифестира преку гнев, омраза, страв, а овие чувства
можат да предизвикаат многу нарушувања, вклучително и сериозни болести. Живееме
во време во кое љубовта никогаш не е доволна. Реики е само еден начин како да
дадеме љубов и во исто време да помогнеме во корист на другите и на нас самите – тоа
е Реики. Кога ќе го прифатиме Реики како подарок на љубовта, тогаш тоа функционира
на сите нивоа и нема никакви пречки.
Реики е дар, благодат и чиста љубов. Ова не треба да се земе како лична моќ и како
ваша моќ со која можете да правите чуда. Ние на овојземски план сме службеници за
поголеми добра и да научиме како да се однесуваме во секоја животна ситуација.
Реики е израз на чиста Божествена љубов – да ја прифатиме и да ја пренесеме на
другите.
Реики не е мода, не е тренд, не е магија, не е филозофија, не е идеологија или религија.
Вистинската љубов не ги познава овие категории, таа е далеку над нив.
Реики е дар на виталноста и самоодржување, кодирано во генетскиот состав на сите
Божји суштества. Тоа е поврзаноста на повисокото Јас со Унверазалната енергија што
го движи животот на сите живи суштества. Сите ние сме родени со сезнајната мудрост
да се исцелуваме и да го зачуваме животот. Нашите предци ги користтеле сопствените
способности и инстинкти за самопомош. За жал овие основни вештини биле
заборавени години наназад. Човештвото со својата немилоцрдна амбиција за
напредок се откажува од својот најценет и природен подарок. Човештвото станува
фрагментирано и шупливо, ние стануваме сенка од она што би можеле навистина да
бидеме.
Со практикување на техниката Реики, повторно ги обновувате вашите природни
способности да се исцелуваме себеси и другите и ни дава до знаење што е подобро за
да водите посреќен и хармоничен живот.
Реики е можеби и најстара алтернативна метода на самоисцелување, која потекнува
од Индија и Истокот, која датира од илјадници години назад..
Оригиналоното име, дисциплините и техниките на Реики биле изгубени поради
традиционалните метод на пренесување на знаења од генерација на генерација.
Сепак, оваа древна исцелителна метода повторно е откриена од страна на Јапонскиот
научник и монах – Др. Микао Усуи. Токму тој, го смисли името РЕИКИ кое се состои од
два дела: Реи (Rei) и Ки (Ki).
Реи значи (универзална, божанска , сеприсутна – присутна насекаде во исто време.)
Езотерично, Реи значи духовна свест, сезнајна мудрост и повисокото Јас.
Ки (енергија) нефизичката виталност која им дава живот на сите живи суштества.
Многу култури ја разбираат и препознаваат важност на Ки енергијата и како таа влијае
на нашиот живот и благосостојба.
Реики не е ниту позитививна, ниту негативна; тоа всушност е највисока и најдлабока
вибрација на животот. Реики е чиста безусловна љубов и радост која ги доведува сите
кои ја искусуваат и ги почитуваат нејзините принципи заедно во хармонија.
Главната цел на Реики!
Главната цел на Реики вештината е унапредување на здравјето, како и развивање на
постоечките природни таленти,рамнотежа на духот , чија последица е среќата.
Таа се заснова на вештини за канализирање на Универзалната Животна енергија за да се
овозможи проток на животната енергија низ човечкиот енергетски канал, а со тоа и низ
телото на човекот во онаа количина на животна енергија, која е неопходна за личноста да
постигне психофизичка кондиција, чија цел е значајно зголемување на капацитетот на
виталната енергија, јакнење на одбранбените способности на организмот, а исто така
има за цел подобрување на животот.
Потекло и видови методи
Оваа вештина нема сигурни податоци од кога точно и каде е настаната, но се смета дека
системот за исцелување по пат на универзалната животна енергија, е постар и од
многуте пишани документи. Реики се споменува во Санскрит Сутри, во делата на
монасите од Тибет, Индија, Кина и делата на истакнати Духовни Учителите од ширум
светот.
Вештината била на некој начин привилегирана, не била достапна за широката маса на
народот, се чувала во мистични училишта и манастирите на антички култури.
Владеењето со оваа вештина било резервирано само за одбрани, по правило: духовни
водичи, истакнати свештеници и монаси.
Почетокот на XX век Јапонец, др. По филозофија Микао Усуи, поминал скоро 10 години во
истражување и патување по светот како би дошол до сите можни извори, кои укажувале
на човековото владеење со таа вештина.
Др. Микао Усуји, врзо основа на собраните информации и документи, како и личните
истражувања, составил едноставна техника за пренесување на вештините за
канализирање Универзална Животна Енергија, која ја именувал РЕИКИ.
При работа со оваа вештина се користат едноставни методи со помош на рацете ,при што
дланките се положуваат на одредени делови од телото (позиции), и на тој начин се доаѓа
до ускладување на вибрациите на човекот со вибрациите на животната енергија со цел
да се овозможи слободен проток низ организмот.
Ефекти од Реики
Психолошки и физиолошки придобивки од рекодвно користење на Реики методата:
Реики ќе ве одмори кога сте под стрес;
Реики доведува до длабока релаксација;
Реики ги центрира вашите мисли кога сте збунети
Реики ви дава енергија кога се чувстувате исцедено
Реики ве смирува кога сте уплашени
Реики го вокусира вашиот ум и ви помоага да ги решите проблемите
Реики го забрзувава природното заздравување на раните
Реики го подобрува здравјето
Реики постепено ги чисти хроничните проблеми
Реики го спречува развојот на болести
Реики го детоксицира телото
Реики ги раскинува енергетските блокади
Реики одлободува од емоционални рани
Реики ја зголемува вибрационата фреквенција на телото
Реики помага да се промени негативното однесување
Реики помага во јакнење на имунитетот
Реики ја зголемува виталноста на организмот
Реики подмладува
Реики го продолжува животниот век
Реики ја поттикнува природната способност на човечкиот организам за
самоисцелување
Реики поставува заштита на организмот од несакани дејства на лекот
Реики го заврзување дејството на лекот
Реики поставува заштита на организмот од несакани дејства на хемотеријапија
Реики сооздава превентивен ефекти од било какво негативно нарушување мна
организмот
Реики го продолжува дејството на витамините и ја подобрува нивната
апсорбција
Реики помага во елиминирање на отпадот, токсини и другите штетни материи
од организмот
Реики ослободува од несоница
Реики ја регулирање температурата на телото
Реики спречува појава и развој на депресија
Реики го забрзување на лечењето на зависни болести
Реики вооставува рамнотежа меѓу телото и духот
Реики ја хармонизира емоционалната состојба
Реики ја балансира левата и десната страна на мозокот
Реики начително исполнува со позитивна енергија и оптимизам
Други придобивки во меѓучовечките врски и односи кои се постигнуваат од редовна
примена на Реики вештините:
Реики овозможува полесно и побрзо прифаќање и делење нови чувства
Реики помага во отпуштање на минатото
Реики овозможува побистро разбирање на значењето за некои меѓучовечки односи
Реики ги открива длабоките меѓучовечки врски со другите
Други придобивки во самооткривање кои се постигнуваат од редовна примена на
Реики вештините:
Реики создавање околку себе пријатно и позитивно биополе
Реики ја зголемува харизмата и привлечноста
Реики помага при ослободување од самокритика и критика, сомнежи , и стравови
Реики ослободува од опстипација
Реики овозможува подобро разбирање на смислата на животот
Реики остварува здрава љубов према себе
Реики ја зајакнува самодовербата
Реики развива интуиција
Реики создава повисока моќ за перцепција
Реики помага во способноста на соочување со вистината со себе
Реики пронаоѓа свесни и јасни одговори за животните предизвици
Реики овозможува способност за концентрација овде и сега
Реики го зголемено нивото на помнење
Реики ја трансформира независноста во извесност и вистина
Реики го развива сочуството
Реики помага во прифаќање себеси и дригите
Реики привлекува позитивни прилики и успех на бизнис и приватен план
Реики овозможува постигнување на позитивни цел
Реики создава љубов кон околината и сите живи
КАКО РЕИКИ РАБОТИ
Суштината на Реики методот лежи, пред се, во синхронизација на човекот со вибрациите
на животната енергија, како и отварање на енергетскиот (Реики) канал на личноста и
негово поврзување со животната енергија со цел слободен протек на истата преку сите
нивоа на организмот.
Процесот на отварање и прилагодување ( поведување, традиционален назив) го
остварува Мастер – Учител, со помош на специјални техники на канализирање на
Животна енергија. Ако сите други знаења практичарот може да ги стекне самостојно
преку едукација и пракса, отварањето и прилагодувањето не е возможно да се изврши
самостојно. Реики се пренесува линиски од учителот на ученико, поради што и оваа
метода е едноставна.
Реики и овозможува на личноста во рок од 10 секунди до 5 минути ( во зависност од
нивото на Реики практичарот) да активира проток на Животна енергија низ својот
организам.
Енергијата во телото доаѓа пред се низ темето и се спушта низ ‘рбетниот столб, низ т.н
енергетски канал, кој се состои од 7 меѓусебно поврзани енергетски центри, познати
како чакри.
Течејќи низ ‘рбетниот столб, енегијата се шири во организмот, ја пополнува секоја ќелија
и се појавува низ малите чакри на дланките и стапалата со доминација во областа на
дланките. Со ставање на раката на телото, енергијата дополнително се фокусира и се
насочува во одредена област.
Реики практичарот може да ја насочува енергијата и према своето тело, и во било кој
друг правец надвор од телото: на друга личност, предмет, животно, билка, ситуација или
област на животот.
Една од причините за пореметување на работата на организмот е недостаток на витална
енергија. Со практикување на Реики методата се надохнадува недостатокот на енергија
на организмот, со што се зголемува неговата одбранбена способност и се подобрува
работата на сите функции. Исто така, Реики ги опушта мускуллите, одлободува од
грчеви, учествува во балансирање на сите системи.
Научните истражувања покажале дека една личност во просек од просторот прима околу
5% енергија. Со практикување на Реики методата се овозможува доток на 90-100%
животна енергија.
Животната енергија влијае на човековиот организам непосредно низ енергетски канал и
био поле на личноста, исто така низ ендокриниот систем.
Кога био полето на личноста е полно со животна енергија, тоа постанува добро
организирано. Енергијата создава добро организиран систем ДНК и РНК, кој со
влијанието на Реики ствара подлога за добро функционирање на ензимите и синтеза на
протеини а исто така и за поделба на ќелиите. Кога ќелијата добро функционира, тогаш
жлездите, органите и ткивата работат добро и тоа го одржува организмот во добра
состојба.
Процес на интензивна енергетизација на организмот представува процес на
подмладување и зајакнување. Во склад со II закон на термодинамика, таквиот процес е
спротивен на процесот ентропија. 1 Реики доведува Животна енергија во телото на
човекот, што непосредно енергизира и ги организира сите физиолошки процеси и
системи на организмот. Реики се движи во спротевен процес од процесот на стареење и
слабеење на организмот, и исто така го намалува процесот на ентропија ( големува
ектропија, мерка на уреденост на системите), со што го забрзува оздравувањето на
емоционално, ментално и физичко ниво.
Треба да се нагласи дека Животната енергија протекува, не само низ физичкото телото,
туку и преку сите суптилни нивоа на човеко, што овозможува хармониација на истиот и
остварува позитивно влијание на психосоматските причини за заболување.
Практикување на Реики кај личноста овозможува духовни раст, развива особини како
што се: сочуствување, толеранција, здрава љубов кон себе, љубов кон блиските, сите
живи суштества, околината, Земјата, планетата.
За кого е наменет Реики и во кои случаи?
Реики вештините се буквално за сите , таа е толку лесна и едноставна при што можат и
деца да ги користат тие вештини, нема одредена возраст. Денес милиони луѓе на
планетата од различна возраст, националност, религиски убедувања, професии и
образование користат Реики за унапредување на здравјето и подобрување на квалитетот
на својот живот
Реики вештини користат голем број на деловни луѓе и политичари за ослободување од
стрес и релаксација, како и за постигнување на поставени цели и подигнување на нивото
на креативност.
Реики методата нема штетно дејство, ниту може да биде искористена со негативна цел.
Компатибилна е со сите постоечки вештини и методи на лечење, како и со техники за
духовен раст, освен тоа и подобрување на нивните перформанси.
1 Ентропија е тенденција на системот спонтано да премине во состојба на поголемо нарушување, што
значи ентропијата е мерка на нарушување на организмот.
- Доколку сте заинтересирани да совладате еден од духовно-енергетските методи, но НЕ верувате
целосно во нивната ефикасност, Реики е дефинитивно за вас. Во Реики, аспектот на верата е отсутен.
Реики секогаш „работи“, без разлика дали човек верува во неговата ефикасност или не. Верата е
потребна кога нема докази, а со оглед на фактот дека Реики е еден од најистражуваните методи во
светот (на интернет може да се најдат повеќе од 9.000.000 податоци на оваа тема) - Доколку сте заинтересирани да совладате некој од духовно-енергетските методи, а не сте сигурни дека
имате предиспозиции за тоа, Реики секако е за вас бидејќи секој човек без исклучок може да стане
успешен реики практикант по завршувањето на обуката. . - Во случај да сте често изложени на стрес, Реики е дефинитивно за вас бидејќи е еден од најдобрите,
најбрзите и најефикасните методи за намалување на стресот, како и за подигнување на имунитетот на
стрес. - Ако чувствувате недостаток на енергија, брзо се заморувате или сте хронично уморни, Реики е
апсолутно ваш метод. Со помош на Реики брзо се подига нивото на физичка и ментална сила.
Обезбедува и издржливост што, комбинирано, го прави избор на многу сериозни спортисти. - Доколку имате проблеми со спиењето, треба да знаете дека Реики е еден од најуспешните методи за
лекување на несоница. Покрај тоа што за 7-14 дена ќе го решите проблемот со несоницата, квалитетот на
вашиот сон видно ќе се промени на подобро, што ќе се манифестира како стабилен, непрекинат сон и
чувство на поспаност. - Доколку страдате од чести главоболки или мигрена, Реики е ваш метод бидејќи во рок од еден месец од
редовното нанесување, ќе бидете сведоци на видливо подобрување на вашата здравствена состојба. - Доколку имате слаб имунитет и често се разболувате, Реики е метод кој безбедно и лесно ќе го подигне
вашиот имунитет на завидно ниво. - Доколку чувствувате опаѓање на волјата за живот и сте склони кон лошо расположение, Реики е методот
за вас бидејќи е докажано дека брзо го подобрува вашето расположение, а со редовна примена, на
човекот му го враќа чувството за радост на живеење. - Ако често чувствувате емоционална нестабилност и сте подложни на влијание на други луѓе, реагирате
на нивните расположенија и лични енергии, Реики е незаменлив за вас. Редовната примена на Реики
воспоставува рамнотежа не само на ниво на физичкото тело, туку и на ниво на мисли и чувства, а исто
така доведува до трајно стабилизирање на состојбата на внатрешен мир. Покрај тоа, Реики гради отпор
на личноста на туѓите енергии, мисли и емоции. - Доколку вашата работа бара добра концентрација, високо ниво на креативност, уметност на
хармонична и успешна комуникација, Реики ќе биде вашиот најдобар партнер во тоа, што го прави овој
метод чест избор на многу деловни луѓе ширум светот. - Доколку имате деца (од која било возраст), Реики е незаменлив метод за вас. Со негова помош секој
родител, без исклучок, може да го заспие своето дете, да го намали стресот, да го отстрани стравот, да
влијае на подобрување на здравјето на своето дете, да го зајакне неговиот имунитет, да му пружи помош
и поддршка на своето дете во однос на учењето, меѓучовечките односи. стекнување сигурност во себе,
развој, како и формирање на здрави ментално-емотивни навики во ликот. Реики е одличен и за
подобрување на комуникацијата со детето и усогласување на односот родител-дете. - Доколку имате проблеми со комуникацијата и воспоставувањето хармонични односи со другите луѓе,
Реики ќе ви биде видлива поддршка и помош, а воедно и духовен лек. - Доколку сакате, за побрзо заздравување и подобрување на вашето здравје со примена на современи
медицински методи и воведете алтернативен метод кој би ви помогнал без мака и самостојно да ја
подобрите вашата здравствена состојба, Реики е за вас. Реики ги претставува сите пет нивоа на
здравствена заштита, па затоа е погоден за интеграција со сите методи на современата медицина. - Доколку сакате да внесете позитивни промени во вашиот живот, да го земете животот во свои раце, да
го направите вашиот животен пат пријатен, да научите да ја креирате сопствената реалност во
согласност со вашите желби и потреби, Реики е вашиот метод. - Ако треба да работите на вашиот саморазвој, на подигање на свеста и развивање на состојба на
безусловна љубов кон сите живи суштества (и кон самите себе), Реики е вашиот метод. - Ако веќе се занимавате со други духовно-енергетски методи и барате соодветен додаток за подигање на
вашето знаење и вештини на ново, повисоко ниво, Реики е дефинитивно за вас.
Мерки на претпазливост
- Ако имате вграден пејсмејкер, за жал Реики не е вистинскиот метод за вас. Реики влијае на работата на
електричната опрема, а со тоа и на работата на пејсмејкерите, што може да има штетни последици по
здравјето и животот на човекот кој на кој било начин применува Реики. - Доколку примате инсулинска терапија, најверојатно ќе ви одговара Реики, но неопходно е да се
направат одредени тестови и подготовки пред обуката.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
- Вграден пејсмејкер • Психотични епизоди, ментални и психолошки нарушувања или други нарушувања
од ментална природа (минато или сегашно), сите видови на шизофренија • Алкохолизам, дрога •
Бременост
Интеграција помеѓу Реики и современата медицина?
Во поголемиот број на развиени земји Реики методата е интегрирана со методите на
современата медицина. Својствата на Реики методата низ година се применуваат во
многу клиники, институции и лабаратории низ светот.
Интеграција на Раики и методите на современата медицина претставува за човекот
можност да оздрави на сите нивоа. Болеста како појава треба да се лекува како на
физичко, така и на тенкикте нивоа на човековото битие.
Причината за многу заболувања се крие и на ментално и на емоционално ниво, затоа што
се прозивод на силни деструктивни мисли и емоции, кои во облик на енергија одредени
вибрации полека се собираат,зголемуваат и на крај се поврзуваат во една цврсто
поврзана група – енергетска структура од негативен карактер. Таквата енергетска
структура со тек на време се спушта и во човечкиот енергетски канал, го блокира истиот
и продолжува своето штетно да го шири и во системот на чакрите (енергетските центри)
и подоцна се манифестира на физички план во облик на симптоми на некое заболување.
Како што докторот може да даде дијагноза на болеста, така и искусни Реики терапевт со
набљудување на врските на анатомија, физиологија и енергетската структура на
човековото суштество, може да каже, што на тенко ниво послужило како причина за
нарушување на здравјето.
Дијагностиката и методите на современата медицина се незаменливи во исцелување на
болеста на физичко ниво. Реики методот овозможува унапредување на здравјето на сите
нивоа, со акцент на менталото и емоционалното ниво на човекот. На тој начин на
заболувањето му се приоѓа од сите страни, поточно на сите нивоа, што секако го забрзува
процесот на исцелување.
Важно за секого, кој има симптоми на било кое заболување, прво да се обрати на доктор,
а после тоа, како помошно средство, да се употреби Реики метода, со цел забрзување на
процесот на оздравување.
