„Главната цел на Реики не е само исцелување болести, тоа е развивање на веќе постоечките таленти, рамнотежа на духот,здраво тело!„
Основни карактеристики на Реики методата се:
- Природност
- Делотворност:
- Практично потвдени ефекти;
- Едноставност;.
Реики е една од најстарите методи за самопомош и помош на други, секој човек може да оди кај реики терапефт но уште поинтересно е тоа што може да се се обучи и да биде сам свој терапефт и да си даде сам на себе терапија каква и кога му е потребна и поради таа причина таа е една од по популарните методи во светот за самопомош затоа што е многу едноставна да се научи и едноставана за примена.
Реики е начин на користење на животна енергија, таа животна енергија е исцелувачка сила која ние во Реики ја применуваме и таа го менува нашето психофизичко здравје и нашиот квалитет на живот.
Реики е љубов,а за љубовта нема граници. Љубовта ги надминува сите животни ситуации и околности и ги инспирира сите нивоа на постоење. Недостатокот или искривената форма на љубов се манифестира преку гнев, омраза, страв, а овие чувства можат да предизвикаат многу нарушувања, вклучително и сериозни болести. Живееме во време во кое љубовта никогаш не е доволна. Реики е само еден начин како да дадеме љубов и во исто време да помогнеме во корист на другите и на нас самите – тоа е Реики. Кога ќе го прифатиме Реики како подарок на љубовта, тогаш тоа функционира на сите нивоа и нема никакви пречки.
Реики е дар, благодат и чиста љубов. Ова не треба да се земе како лична моќ и како ваша моќ со која можете да правите чуда. Ние на овојземски план сме службеници за поголеми добра и да научиме како да се однесуваме во секоја животна ситуација.
Реики е израз на чиста Божествена љубов – да ја прифатиме и да ја пренесеме на другите.
Реики не е мода, не е тренд, не е магија, не е филозофија, не е идеологија или религија. Вистинската љубов не ги познава овие категории, таа е далеку над нив.
Реики е дар на виталноста и самоодржување, кодирано во генетскиот состав на сите Божји суштества. Тоа е поврзаноста на повисокото Јас со Унверазалната енергија што го движи животот на сите живи суштества. Сите ние сме родени со сезнајната мудрост да се исцелуваме и да го зачуваме животот. Нашите предци ги користтеле сопствените способности и инстинкти за самопомош. За жал овие основни вештини биле заборавени години наназад. Човештвото со својата немилоцрдна амбиција за напредок се откажува од својот најценет и природен подарок. Човештвото станува фрагментирано и шупливо, ние стануваме сенка од она што би можеле навистина да бидеме.
Со практикување на техниката Реики, повторно ги обновувате вашите природни способности да се исцелуваме себеси и другите и ни дава до знаење што е подобро за да водите посреќен и хармоничен живот.
Реики е можеби и најстара алтернативна метода на самоисцелување, која потекнува од Индија и Истокот, која датира од илјадници години назад..
Оригиналоното име, дисциплините и техниките на Реики биле изгубени поради традиционалните метод на пренесување на знаења од генерација на генерација.
Сепак, оваа древна исцелителна метода повторно е откриена од страна на Јапонскиот научник и монах – Др. Микао Усуи. Токму тој, го смисли името РЕИКИ кое се состои од два дела: Реи (Rei) и Ки (Ki).
Реи значи (универзална, божанска , сеприсутна – присутна насекаде во исто време.) Езотерично, Реи значи духовна свест, сезнајна мудрост и повисокото Јас.
Ки (енергија) нефизичката виталност која им дава живот на сите живи суштества. Многу култури ја разбираат и препознаваат важност на Ки енергијата и како таа влијае на нашиот живот и благосостојба.
Реики не е ниту позитививна, ниту негативна; тоа всушност е највисока и најдлабока вибрација на животот. Реики е чиста безусловна љубов и радост која ги доведува сите кои ја искусуваат и ги почитуваат нејзините принципи заедно во хармонија.