Главната цел на Реики вештината е унапредување на здравјето, како и развивање на постоечките природни таленти,рамнотежа на духот , чија последица е среќата.
Таа се заснова на вештини за канализирање на Универзалната Животна енергија за да се овозможи проток на животната енергија низ човечкиот енергетски канал, а со тоа и низ телото на човекот во онаа количина на животна енергија, која е неопходна за личноста да постигне психофизичка кондиција, чија цел е значајно зголемување на капацитетот на виталната енергија, јакнење на одбранбените способности на организмот, а исто така има за цел подобрување на животот.