Оваа вештина нема сигурни податоци од кога точно и каде е настаната, но се смета дека системот за исцелување по пат на универзалната животна енергија, е постар и од многуте пишани документи. Реики се споменува во Санскрит Сутри, во делата на монасите од Тибет, Индија, Кина и делата на истакнати Духовни Учителите од ширум светот.
Вештината била на некој начин привилегирана, не била достапна за широката маса на народот, се чувала во мистични училишта и манастирите на антички култури. Владеењето со оваа вештина било резервирано само за одбрани, по правило: духовни водичи, истакнати свештеници и монаси.
Почетокот на XX век Јапонец, др. По филозофија Микао Усуи, поминал скоро 10 години во истражување и патување по светот како би дошол до сите можни извори, кои укажувале на човековото владеење со таа вештина.
Др. Микао Усуји, врзо основа на собраните информации и документи, како и личните истражувања, составил едноставна техника за пренесување на вештините за канализирање Универзална Животна Енергија, која ја именувал РЕИКИ.
При работа со оваа вештина се користат едноставни методи со помош на рацете ,при што дланките се положуваат на одредени делови од телото (позиции), и на тој начин се доаѓа до ускладување на вибрациите на човекот со вибрациите на животната енергија со цел да се овозможи слободен проток низ организмот.